Матични клетки

Slider

Што се матични клетки?

Матичните клетки се клетки кои овозможуваат обновување и диференцијација на различни типови на клетки во човековото тело. Матичните клетки се разликуваат од другите типови на клетки во човековото тело бидејќи тие се сеуште неразвиени и немаат синтетизирано протеини специфични за одреден вид на клетки.Тие може да се размножуваат и обновуваат подолг временски период. Тие можат да се развијат во клетки со специфични функции, за срцето, белите дробови, кожата итн. Матичните клетки се создаваат пермаментно и ја обновуваат нашата крв, нашата коскена срж и нашиот имунитет. Најмногу се сконцентрирани во крвта на папочната врвка и по раѓањето овие клетки продолжуваат да се размножуваат.

Извор на матични клетки во човековото тело се:

  • Ембрионот (во состојба на бластоциста) ,
  • Крвта од папочната врвка(хематопоетски матични клетки) ,
  • Ткивото од папочната врвка(мезенхимални матични клетки) ,
  • Различни ткива кај возрасен човек(особен во коскената срж,масното ткиво).

Матичните клетки имаат неверојатен капацитет да создадат нови ткива во процесот кога се делат и развиваат. Капацитетот со кој располагаат ги прави единствени и важни, а исто така покажуваат и одличeн терапевтски потенцијал при нарушување на сите органи.

Зошто да зачуваме матични клетки

Матичните клетки од папочната врвка претставуваат важна алтернатива при трансплантација на крв, генетски како и онколошки заболувања.
Нивната улога е докажана преку бројни студии направени од истражувачи од целиот свет.
Матичните клетки се разликуваат од другите типови на клетки во телото.

Главните причини за зачувување на матични клетки се следниве:

1.Тие се најмладите, најсилните и најздрави клетки во телото, до кои имаме лесен пристап и кои се многу корисни при тешки заболувања и повреди.
2.Тие не биле изложени на штетните влијанија на средината, ниту на животниот стил, туку се опремени со сите сили на уникатно и “бесмртно” тело.
3.Тие се способни за таргетирано лекување, односно во случај на заболување, хематопоетсите матични клетки ќе знаат точно каде мора да дејствуваат.
4.Тие можат да се земат само еднаш во животот на човекот, само при неговото раѓање. Моментот на раѓање претставува уникатна можност овие клетки да бидат земени. Криопрезервацијата на овие клетки овозможува тие да бидат зачувани долго време за секоја можна потреба во иднина.
5.Нивното издвојување е лесно и безболно. Издвојувањето не влијае на природниот развој на плодот и на трудницата како и на пораѓањето и во споредба со идвојувањето на матични клетки од коскена срж, не е потребна никаква инвазивна процедура.
6.На детето му се нуди огромна можност да ги искористи своите матични клетки во било кој момент во животот. Веројатноста ова да се случи е 1/400. Затоа, Вие имате можност да го заштитите животот на Вашето дете, имајќи корист од трансплант кој перфектно одговара со бебето.
7.Матичните клетки можат да се употребат не само за Вашето дете, туку и за самите родители, браќата и сестрите, во зависност од степенот на компатибилност.
8.Денес матичните клетки од папочна врвка можат да се употребат за лечење на повеќе од 80 тешки заболувања.

stem-cell
Slider

Терапии

Повеќе од 80 тешки болести можат да се лекуваат со матични клетки.

Леукемија: На повеќе од 2000 деца годишно им е дијагностицирана леукемија – имуно системски дефицит.

“Болестите на имунолошкиот систем кои се смртоносни, трансплантацијата на матични клетки како шанса за излекување е комплетна и трајна” -Национален институт за Здравјето на Децата и Човековиот Развој Myeloma.

На секои 4 минути наседкаде во светото на некого му е дијагностициран рак на крвта. Насекаде околу земјината топка, околу 300 000 бебиња се раѓаат со тешка форма на оваа болест.

Лимфома: На околу 628 415 луѓе моментално им е дијагностицирана лимфома.

Таласемиа: 5% од светската популација се носители на ген кој предизвикува таласемиа.

Терапиите со матични клетки сеуште се на клиничко испитување.

Дијабетис: секоја година повеќе од 70 000 деца развиваат дијабетис тип 1, а болеста околу 200 на ден.

Алцхајмер: во моментов во светот болеста Алцхајмер им е дијагностицирана на повеќе од 18 милиони пациенти. Се предвидува дека бројката ќе се дуплира до 2025.

Паркинсонова болест – на меѓу 7 и 10 милиони луѓе низ светот им е дијагностицирана Паркинсонова болест. А на 10,000 новороденчиња и деца годишно им се дијагностицира церебрална паралализа на ‘рбетниот столб.
Моментално на повеќе од 6 милиони луѓе им се дијагностицирани повреди на кичмената срцевина.

Срцев удар: Светската Здравствена Организација вели дека повеќе од 5.8 милиони луѓе умираат од срцев удар секоја година.

Мускулна дистрофија – на 500-600 машки новороденчиња годишно во САД им се дијагностицира мускулна дистрофија, терапија со коскена срж, клетки од коскено ткиво, масно ткиво на срцевиот мускул, рскавица на тетивата и биофармацеутични лигаменти.

Кој може да ги користи матичните клетки на вашето бебе? Вашето дете, 100 %, биолошките родители, 0-50% браќата и сестрите и блиски роднини 0-20%.

Постојат и некои други болести кои можат да бидат излечени како:

  • Акутна леукемија
  • Хронична леукемија
  • Миелодиспластичен синдром
  • Други заболувања на матичните клетки: Апластична анемија, Конгенитална цитопенија и конгенитална анемија
  •  Конгенитални болести на имунолошкиот систем: Отсуство на Т или B лимфоцити, отсуство на Т лимфоцити, Ataxia-teleangiectasia, недостаток на леукоцити итн. Деталната листа на болестите кои можат да се излечат со матични клетки постојано се зголемува. Болестите или состојбите во кои е потребна регенерација на ткиво се потенцијални кандидати за ваква терапија.
Slider

Матични клетки од крв

Хематопетските матични клетки се крвни клетки кои можат да произведат други типови на крвни клетки. Извори на хематопоетските матични клетки се: – коскена срж кај возрасните (femur and sternum), крв од папочната врвка (во голем број) – периферна крв (во помал број). Хемопоетските матични клетки се одговорни за обезбедување на постојана имунолошка заштита на секој вид на клетки во телото. Хематопоетските матични клетки можат да се обноват и да се диференцираат во различни видови на специјализирани клетки, можат да ја стимулираат коскената срж и можат да се дејствуваат против апоптозата на клетките. Главен извор на хематопоетските матични клетки е крвта од папочната врвка. Крвта од папочната врвка е крв која циркулира меѓу плацентата и папочната врвка. Оваа крв е богата со матични клетки. Крвта и ткивото од папочната врвка може да се соберат во текот на природното пораѓање како и при царски рез, а можноста тие да бидат собрани е само еднаш во животот. Процесот на земање е безболен и безбеден, а започнува кога фетусот е изваден и папочната врвка е пресечена, така што не може да ги повреди ни бебето ни мајката.

Slider

Ткиво од папочна врвка

Мезенхималните матични клетки се мултипотентни матични клетки кои можат да се диференцираат во широк спектар на клеточни типови.

Заради оваа причина тие се користат во регенеративната медицина за регенерација на ткива и органи.

Друга важна карактеристика на мезенхималните матични клетки е можноста за нивно драстично зголемување без да им се изгуби еластичноста.

Изворот на овие клетки е во ткивото на папочната врвка, крвта на попочната врвка, мускулите на телото, плодовата вода и во забите на бебето.

Мезенхималните матични клетки се главно лоцирани во делот на папочната врвка.

Земањето се прави од мал дел од папочната врвка 15-20 cm, веднаш по раѓањето на детето. Клетките можат да се развијат во специјализирани клетки со помош на медицината и во иднина очекуваме нивно користење во повеќе различни области на медицината.