Постапка

Arrow
Arrow
Slider

Водич чекор по чекор (Како да се зачуваат)

Прв чекор:
Контакт

Контактирајте го Euromedics Swiss и побарајате да Ви го испратат Упатството на +389 2 3243 399 или на нашиот локален број во зависност од државата во која живеете. Исто така можете да побарате да разговарате со некој од нашите продажни агенти или можете да испратите меил на office@euromedics-swiss.com или можете да го добиете упатството преку пополнување на формулар директно на нашата веб страна. Во суштина можете да го направите целиот договор на нашата веб страна.

Потпишете го и испратете го договорот на Euromedics Swiss или преку меил или по пошта.

Step One: Contact
Step One: Contact

Втор чекор:
Прибор за колекција

Отако ќе ги комплетирате документите, пред испраќањето ќе го добите нашиот прибор за колекција со што ќе му овозможите на Вашиот доктор или акушерка да земат крв или ткиво од папочната врвка.
Вие лично однесете го до избраната клиника и информирајте го медицинскиот персонал за Вашата избрана услуга.
Контактирајте го Euromedics Swiss доколку Ви е потребна некаква поддршка.

Step Two: Collection kit
Step Two: Collection kit

Трет шекор:
Земање на примерок

Откако вашето бебе ќе се роди, докторот или акушерката ја собираат крвта и ткивото од папочната врвка.Тие ги ставаат примероците во сетот за колектирање, ја затвораат и ги пополнуваат потребните формулари за идентификација. Овој цел процес е безбеден и за Вас и за Вашето бебе бидејќи не влијае на процесот на раѓање воопшто.
Започнува веднаш по породувањето и трае само неколку минути.
Вашите примероци сега се спремни за испорака.

Step Three: Collection of the sample
Step Three: Collection of the sample

Четврт чекор:
Испорака

Откако целиот процес ќе биде завршен контактирајте го Euromedics Swiss на нашиот дежурен 24/7 телфонски број 0800 333 99 или нашите локални броеви во зависност од државата во која живеете.
Примерокот ќе биде земен од интернационална курирска служба и веднаш однесен во нашите лаборатории за обработка.

Step Four: Shipment
Step Four: Shipment

Петти чекор:
Обработка и зачувување

Откако примероците ќе пристигнат во нашите лаборатории тие се обработуваат со помош на целосно автоматизиран систем без ризик од контаминација.

Сите примероци се тестираат и врз основа на успешните резултати се спремни за зачувување. Сите примероци се зачувуваат според Интернационални Протоколи.

Step Five: Processing and Storage
Step Five: Processing and Storage

Шести чекор:
Потврда

Во период од две недели треба да добиете информација за резултатите од обработката како и статусот на зачувување на Вашиот примерок.
Исто така ќе добиете и Потврда со уникатен број кој ќе се однесува на матичните клетки на Вашето бебе.
Во случај да Ви се потребни за медицинско лекување, матичните клетки ќе бидат достапни за употреба во секое време.
На крај, овие резултати и потврдата ќе бидат прикачени на Вашата лична сметка на нашата веб страна каде ќе добивате релевантни информации за вас и вашето бебе.

Доколку имате потреба слободно контактирајте не.

Step Six: Certificate
Step Six: Certificate
Arrow
Arrow
Slider

Трансплантации

ВО СЛУЧАЈ НА ТРАНСПЛАНТАЦИЈА EUROMEDICS SWISS овозможува секаков вид на услуги вклучени во процесот на замрзнување:

1. Тест за компатабилност (HLA типизација)

2. Транспорт на матични клетки во било кој центар за трансплантација.

3. Бесплатен контејнер за транспорт на матичните клетки (DRY SHIPPER).

ВО ИДНИНА EUROMEDICS SWISS дава можност да се продолжи чувувањето според договорот без промена на условите. При крајот на 20 годишната конзервација, за што употребната вредност е научно докажан, ќе биде овозможено да се продолжи периодот на договорот, и ќе се продолжи со годишното плаќање за криопрезервација. Во секој случај корисникот има обврска да ја контактира компанијата барем еден месец пред истекување на договорот.

ПОДДРШКА EUROMEDICS SWISS ги води родителите низ целата процедура на зачувување според Авторизацијата од Министерството за Здравство во сите фази на обработка на матичните клетки и нивното зачувување. Ние ги следиме сите процедури, потребни формулари и земањето на примерокот со претходно договорената болница.

Лаборатории

Нашите лаборатории располагаат со опрема од висока технологија. Сите фази на обработка се одвиваат во стерилни услови, чисти соби, во согласност со ISO 9001:2008. Како надополнување на ова, нашата компанија има GMP акредитација и е во фаза на добивање на ΑΑΒΒ Акредитација. Сите овие Акредитации гарантираат совршеност во квалитетот, висок степен на безбедност, многу нивоа на контрола како и постојано подобрување на процедурата. Медицинскиот персонал во лабораториите употребува стерилна опрема за една употреба. Матичните клетки се одвојуваат од другите компоненти на крвта од папочната врвка согласно правилата за одвојување. Примероците се чуваат на специјални места опремени со капаци со ламинарен проток, кои гарантираат максимална заштита од надворешни заразни агенси.

Клетките во секој примерок се пресметуваат со специјална опрема:

• хематолошки анализатор

• протечна криометрија

Микробиолошката анализа на примероците се прави според крвна култура BactALERT автоматски систем.

Матичните клетки се замрзнуваат преку уреди за постепено замрзнување како ICE CUBE овозможено од SY-LAB. Примероците се чуваат во специјални тенкови поставени во азотна пареа. Температурата во танкот за зачувување и надворешната темпрература се следат исто како и притисокот и влажноста, а информација може да се добие од нашиот специјализиран персонал во било кое време во период од 24 часа. Безбедноста како и системот за надгледување се состои од видео камери како и сензори за пожар и поплава. Целосната електронска и електрична опрема е поддржана од високо квалитетна UPS моќност. Сето ова овозможува сите активности во лабораторијата да се одвиваат непречено. Исто така, нашата лабораторија располага со постојан надзор со што се гарантира перфектно работење во текот на 24 часа на ден.