Euromedics

Slider

Кои сме ние

Ние сме специјализирани за обработка и зачувување на матични клетки од папочната врвка.
Нашата компанија располага со највисоки стандарди во процесот на транспортот, обработката и безбедното зачувување на крвта од папочната врвка на Вашето бебе.
Ние ги имаме најискусните и најквалификуваните експерти и научници во областа на изборот, обработката и зачувувањето на крвта од папочната врвка на Вашето бебе. Транспортот, подготовката, обработката и селектирањето на матичните клетки, замрзнувањето на примероците како и безбедноста се дел од нашата работа.
Сите ние овде во EUROMEDICS SWISS сме комплетно посветени на полето на зачувување на матични клетки и обезбедуваме правилно зачувување на овој драгоцен генетски дел на Вашето бебе.

Беспрекорното спроведување на целиот процес како и зачувувањете на матичните клетки на Вашето дете е од огромно значење за нас. Кога ќе станете дел од нашето семејство ќе видите колкава е важноста на Вашето дете за нас.

Arrow
Arrow
Slider

Визија

Нашата визија е да бидеме прва и најдобра опција за родителите, докторите и соработниците од сите страни на светот. Сакаме да направиме да се чувствуваат дека припаѓаат на многу поголемо смејство кое може да ја осигура иднината на нивните деца. Да се стекне доверба е исто како што нам ни се доверува највредниот подарок на животот.

Нашата мисија е света и претставува обврска за заштита на семејствата, добро здравје и квалитетен живот на нивните деца. Сето ова може да се постигне преку зачувување и користење на овој бесценет подарок – матични клетки.

Slider

Зошто Ние?

Како Euromedics Swiss сме присутни насекаде низ Европа со главни и најсовремени лаборатории во Романија и Германија, со многу искусни и високо квалификувани експерти и научници во процесот на колекција, обработка и зачувување на човечки матични клетки, овозможуваме зачувување на два вида матични клетки:

  • Хематопоетски матични клетки: обезбедени од крвта на папочната врвка
  • Мезенхимални матични клетки: обезбедени од ткивото на папочната врвка.

Наша обврска е беспрекорното одвивање на Транспортот, Подготовката, Обработката и одделувањето на матичните клетки, Замрзнувањето на примероците и безбедноста. Кога ќе станете дел од нашето семејство, ќе почувствувате колку е важно Вашето дете за сите нас.

Изјави на родители

Slider

Меѓународно присуство

Зачувајте ги матичните клетки на Вашето дете во една од нашите приватни лаборатории во Германија или Романија.

EUROMEDICS SWISS е присутна во многу земји во Европа како Швајцарија каде се лоцирани нашите главни канцеларии, Германија, Романија, Италија, Грција и Македонија.

Компанијата има две најсовремени лаборатории каде се зачувуваат матичните клетки, едната во Букурешт, а другата во Дортмунд.